Уште никогаш човекот не им причинил толку
многу страдање на толку многу животни како во нашиве денови:
- Во шталите за масовно чување животни, без
дневна светлина, на најтесен простор жртвите на современата
индустрија за месо живуркаат еден беден живот. Од страв и агресија
тие меѓусебно се осакатуваат. Свињите си ги изгризуваат ушите и
опашките едни на други, кокошките си ги кубат обострано пердувите и
се колват една со друга до крв; кокошките-несилки вегетираат во
кафези, чии подлоги се помали од еден лист хартија А4. За да се
намалат агресиите на животните, на кокошките им се спалуваат
клуновите, на свињите им се отстрануваат забите, на петлите им се
отсекуваат канџите на прстите. На животните им се наменуваат животни
услови коишто буквално ги збудалуваат и, оттаму, потребна е
постојана примена на психофармаколошки средства и антибиотици.
Сепак, една третина од жртвите оболува и умира уште во шталата.
- По мачењето во шталата за масовно чување
животни следува мачниот пат до кланицата.
Сите ние ги познаваме страшните слики: збиено затворени говеда,
овци, коњи, свињи, живина,
жедни, исцрпени до смрт, тешко повредени, на умирање или веќе мртви
на товарните возила и бродови. При транспортот живата стока
безмилосно се оштетува, преку жештина и жед, студ и глад, преку
стравот во опкружувањето на коешто не се навикнати, преку ударите со
стап и ударите од струја. Кој не може да стои на нозе, нужно се фрла
со вилушкар и сајла со ченгел
на палубата од бродот. Многу животни на
одредиштето пристигнуваат со скршеници на коските, повреди на очите
и крварења.
- Потоа, во кланицата се чека
на завршното мачење. Живината жива се обесува за нозете, со главата
надолу, на подвижна лента и се провлекува низ
водна бања
со електрично полнење за да се омамат животните пред
колењето. Кај говедата и свињите омамувањето
треба да се изврши со електрични клешти или со СО2.
Не ретко тоа потфрлува; животните се будат и при полна свест се
колат и искрваруваат.
- Неопислив страв ги обзема
жртвите кога се тераат низ тесните премини кон омамувањето и
колењето. Секогаш повторно тие застануваат и
викаат, но оние кои доаѓаат по нив терани напред, туркаат. Одново
крикови пред станицата за омамување. Чуварите носат штитници на
ушите. Животните кои не ги јадеме, ние ги подложуваме на специјални
тортури во лабораториите на науката. Тие насила се оболуваат, за да
се тестираат медикаменти; се оперира, трансплантира и ампутира, се
инјектира отров директно во стомачната шуплина или во белите
дробови, или се прободува черепот и мозокот со метални стапчиња.
Преку такви мачења се сака, на пример, да се тестира дејството на
отровите или реакциите на болки, заради што животните мораат, дел
при полна свест со часови и денови да се виткаат во грчови. Во
светот годишно се убиваат 300 милиони животни преку експерименти:
глувци, стаорци, птици, риби, куниќи, мајмуни, кучиња, мачки и овци,
па до говеда и коњи.
- А за да не поштедат ниту
едно подрачје од животот на животните, 300.000 ловци само во
Германија, во слободните ловишта, годишно убиваат 5 милиони животни
- со стапици, од удобни високи чеки, со истрели на сачми коишто
болно ги прорешетуваат кожата и нервите на зајаците, со куршуми што
се деформираат по погодувањето, коишто на дивите свињи, срните и
елените им ги искинуваат цревата и ги изложуваат на многучасовни
маки.
Човекот цапа во крвта на
своите со-созданија за да ги задоволи својата лакомост за месо и -
при ловот - својата страст за убивање. Притоа, најголем број од
луѓето не мислат ништо друго освен дека, најпосле, животните се тука
за да бидат од нас убиени и изедени. Така сака традицијата, којашто
нè
спречува во тоа каков монструозен режим на терор применува потомокот
на бунтувањето, човекот, на оваа Земја - спрема блиските сродници од
еволуциската историја на животот, сродници кои имаат очи со кои нè
гледаат, кои чувствуваат радост и болка и при неискажлив страв се
ловат и убиваат. Да не ја умртвевме својата совест, ние би осетиле
дека се работи за колективен престап со космички размери, којшто
нема да остане без последици за развитокот на човештвото доколку ова
не се ослободи од него.