За вовед

Драга читателке, драг читателу,

оваа брошура би сакала да биде блиска со едно дело коешто ги поврзува Небото и Земјата едно со друго. Можеби вие, како "напреден современик" ваквото нешто го сметате за утопија. За светот во којшто живееме Небото е далеку, а Бог полн тајни, доколку воопшто се верува во Него. Заради тоа, решението на проблемите на нашата цивилизација, коишто сè повеќе се извишуваат, попрво го бараме без Него, исклучиво со земски рецепти, пред сè од природонаучно-технички вид. Пределот го третираме со хемија и генманипулација; животните ги чуваме како масовна стока на едно индустријализирано производство на месо: болестите ги потиснуваме преку трансплантација на органи, а мирот го обезбедуваме преку атомско заплашување. Резултатите се слабо охрабрувачки: Земјата се наоѓа пред еколошки колапс; зарази се шират и, менувајќи наизменично страна, им се закануваат на животни и луѓе; годишно умираат 40 милиони луѓе од глад; бегалска беда и војни сè до убиства на народи се и натаму на дневен ред. Вака, очигледно, не одиме напред.

Friedensreich - Gabriele-Stiftung

Можеби би требало по некогаш својот поглед да го подигнеме и да се ослободиме од теснотијата на материјалистичкото мислење и од здрвувањето во несреќни традиции, коишто нè доведоа до сегашниот ќорсокак. Во ова здрвување спаѓаат и светоглед-религиозните капаци за очи, не како последно заблудата дека Бог молчи 2000 години, или наводно говори преку кардинали и папи, преку догми и теолози кои раздвојуваат сè што оди заедно: Бог и Универзумот, телото и душата, материјата и Духот - впрочем, едно раздвојување коешто од современата физика беше надминато уште пред 100 години, којашто утврди дека тоа што ние го чувствуваме како материја, во реалноста тоа воопшто не е, туку дека во основата на сè е Духот.

Сите големи светски религии поаѓаат од тоа дека секогаш повторно има просветлени луѓе и пророци, на кои им станува можна комуникацијата со духовниот свет. Еден од големите меѓу нив беше Исаија, кој уште пред 2700 години му ја покажа на човештвото перспективата за еден развиток којшто води далеку над она што ни го донесе денешната цивилизација. Тој говореше за едно царство на мир, кон кое еден ден човештвото ќе се упати:

Getreide-Ähre"Тогаш тие исковаа плугови од нивните мечови и српови од нивните копја ...

Тогаш волк ќе живее крај јагне, пантер ќе лежи до јаре, теле и лав ќе бидат заедно, мало дете може да ги чува. Крава и мечка ќе се спријателат, нивните млади ќе лежат едно покрај друго. Лавот ќе јаде слама како говедото. Цицалче ќе си играј крај дупката на змиите, детето ќе ја испружи својата рака во дувлото на змијата ..." (Исаија)

700 години подоцна, Исус од Назарет одеше на оваа Земја и говореше за Царството Божјо, кое е близу. Тој не мислеше на надворешно царство, туку на внатрешна промена преку исполнувањето на заповедта на Божјата и ближната љубов. Раните(првите) христијани живееја во таа извесност додека влијателниот црковен учител Августин на почетокот од 5. век не разгласи дека очекуваното царство Божјо веќе настанало во ликот на Црквата. Што настана од ова крупно непрепознавање на учењето на Назареецот, тоа во последните 2000 години човештвото го доживеа и страда.

Луѓето војуваа и се распарчуваа не само меѓусебе, туку сè повеќе ја уништуваа и Земјата со нејзините растенија и животни, кои Бог, Вечниот, им ги беше дал во нивна грижа. Неговата волја беше луѓето да ја чуваат Земјата во љубов и единство и потоа да направат Царството на мирот и на несебичната љубов да настане на Земјава. Но, настапи спротивното! Бруталноста на човекот спрема животните достигна размер што никогаш не беше познат досега: Милиони говеда и свињи живуркаат еден живот без утеха во темни штали за масовно чување животни; милиони мајмуни, кучиња, мачки и глувци се оштетуваат до смрт во опитни лаборатории; милиони животни кои живеат во природа паѓаат како жртва на безмилосен лов.

Во ова време на немилосрдност на човекот спрема растенијата и животните, Бог, Вечниот Дух, испрати одново еден голем пророк кај нас луѓето: една жена, со земско име Габриеле. Преку неа настана големо објавителско дело. Преку неа Божјиот Дух го сврте вниманието кон тоа дека постепено човештвото ја достигнува врвната точка на своето негативно постапување и дека последиците од тоа негово негативно однесување ќе доаѓаат до него сè побрзо.Човекот го загуби владеењето над Земјата, која му беше дадена во негова заштита. Дури кога Земјата повторно ќе ја населуваат духовно-космички мирољубиви луѓе, Создателот ќе им ја врати неа на луѓето, онака како што обзнани Исус во Беседата на Гората: "Блажени се кротките, зашто тие ќе го поседуваат Царството на Земјава." 

Животните,Gabriele-Stiftung - Rehe auf dem Feld растенијата, елементарните сили, Земјата, целата природа се дел на Животот. Преку нив, а преку несебично актив- ните луѓе, со припомошта од божествените битија на природата, ќе настане Божјото Царство на мирот, во кое на Земјава ќе биде така како што е во Небото.

Многу луѓе ја примија божествената порака во нашево време; некои веќе многу години според неа живееја и го испробаа она за коешто поучуваше Божјиот Дух преку пророчка уста. Се најдоа земјоделци кои постигнаа еден нов однос спрема природата и животните. Тие научија, преку Габриеле, дека не се работеше само за тоа во надворешноста да се ора, да се сее и да се жнее. Тие преминаа кон тоа во внатрешното да се поврзат со полињата и со плодовите кои растат и да воспостават комуникација со елементарните сили и со Ѕвездите. Тие повторно постигнаа парче единство меѓу човекот и природата, коешто ние го имавме загубено.

Од нивното повеќегодишно искуство, од радоста за оваа голема задача и во увереноста за нивниот успех најпосле настана Габриеле-фондацијата, Заамлинското дело на ближната љубов спрема природата и животните. Твоето Царство доаѓа, Твојата волја се врши. Моли и работи. Делото го носи името на својата основателка Габриеле. Името Заамлин стои за битијата на природата, кои, во налог на Вечниот, се активни на нашава Земја за природата и животните. Фондацијата создава животни простори од полиња и шуми, во коишто животните можат да водат живот достоен за слободни Божји созданија, во коишто тие можат, според својот вид, слободно да се движат во мир, без страв дека ќе бидат гонети и мачени - во растечка позитивна поврзаност спрема луѓето кои во пресрет им доаѓаат со помош и грижливост, кои во пресрет им донесуваат почитување, ценење и пријателство во чувствата, мислите и несебичното дело.

Одговорните на Фондацијата за ова гарантираат пред Бога, а и пред властите на овој свет. Пријателите и поддржувачите на Фондацијата се свесни дека мирот меѓу луѓето и мирот меѓу човек и животно одат заедно. Тие постапуваат во свеста дека сиот живот доаѓа од Бога и дека природата и животните се исто како и луѓето, проструени од Неговата сила. Сега станува видливо во надворешноста она што произлезе од духовните подлоги, од големото Божјо објавителско дело преку Габриеле: првите темели на Царството на мирот, за кои известува оваа брошура.


Home

 


Содржина натамошна литература »Веќе 1.евро помага Собирање потписи Контакт, нарачки Како можете да помогнете? Писмо до ловцитеImpresum • 


Габриеле-Фондација
Заамлинско дело
на ближната љубов кон природата и животните
Твоето Царство доаѓа - Твојата волја се врши
Моли и работи
Земја на милоста
и Татковина за животни

управувано преку G.S. Stiftung Verwaltungs-GmbH

Max-Braun-Str. 2, 97828 Marktheidenfeld
Tel. +49 (0) 9391-504-427, Fax +49 (0) 9391-504-430
info@gabriele-stiftung.de